“Карпош“ и “Брчанско коло“ со заеднички концерти
16.03.2015 15:15
| KumanovoNews
Културно-уметничкото друштво “Карпош“ и ансамблот “Брчанско коло“ од Брчко, БИХ на почетокот на април ќе имаат два заеднички концерти во Куманово и Старо Нагоричане.

На 3 април ќе настапат во општина Старо Нагоричане на новоизградениот плоштад, а на 4 април во салата “Панко Брашнаров“ во населба Карпош. Двете друштва пред публиката ќе се претстават со својот репертоар на ора, игри и песни.