Картичките на Комерцијална банка повторно во функција по прекинот поради технички проблеми
26.07.2019 08:11
| KumanovoNews
Картичките на Комерцијална банка од утрово повторно фунционираат, откако од вчера попладне услугите на банката не беа достапни поради технички проблем.
Од Комерцијална банка утрово соопштија дека со картичките можат да се вршат трансакции.
„Трансакции може да вршите во трговија и на дел од банкоматите на банката. Активностите поврзани со функционирањето на останатите сервиси се во тек, за што дополнително ќе известиме“, велат од Комерцијална банка.
Од Банката дополнуваат дека сите податоци и сметки на клиентите се безбедни.
Вебсајтот на банката уште не работи оти во тек е постапно подигање на системот, а се очекува услугите на интернет-банкарството да се активираат во текот на денот.

