Казнети две трговски и една занаетчиска фирма
23.02.2015 13:06
| KumanovoNews
Државниот пазарен инспекторат во период од 9 до 15 февруари, казнил два трговски и еден занаетчиски дуќан во Куманово.
Изречени се мандатна казна по Закон за трговија во износ од 36.900 денари, издаден е платен налог за порамнување по Законот за вршење на занаетчиска дејност во износ од 30.750 денари и покана за наплата на глоба во износ од 36.900 денари по Закон за трговија.
На ниво на Македонија направени се вкупно 850 надзорни контроли.