Клупи и лулашка за училиштето во Студена Бара
04.05.2015 14:45
| KumanovoNews
Волонтери на Црвен Крст Куманово, до крајот на неделава ќе постават една голема лулашка и три клупи во дворот на подрачното основно училиште “Браќа Миладиновци“ во село Студена Бара.

Овие активности се дел од проектот за промоција на хумани вредности.
Ќе го разубавиме просторот, за да имаат децата каде да го поминуваат времето и да се забавуваат. Идејата за реализација на еден ваков проект ни ја даде наш волонтер - рече Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст.
Волонтерите ќе реализираат уште три проекти за промоција на хумани вредности и помош на заедницата.