Концерт на пијано на Милош Спасиќ
07.05.2019 14:57
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер концерт ќе одржи младиот пијанист Милош Спасиќ. На програмата се дела од Хајдн, Шуберт и Лист.

Милош Спасиќ роден e 1996 година во Куманово. Основно музичко образование завршил во родниот град, а средно на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ во Скопје. Во 2014 година се запишува на Факултетот за музичка уметност во Белград, а во 2018 година и на магистарски студии на истиот факултет. Добитник е на бројни награди и признанија во Македонија и Србија.
Концертот е со почеток во 20 часот, во малата сала на Центарот за култура.