×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Конференција за популаризација на рускиот јазик

    04.05.2017 11:38 | KumanovoNews

    Конференција за популаризација на рускиот јазик во основните и средните училишта во општината се одржа вчера во Занаетчискиот дом во Куманово, како дел од активностите по повод патрониот празник на гимназија „Гоце Делчев“ во соработка со збратимената гимназија „13“ од Санкт Петербург од Русија.

    Конференција за популаризација на рускиот јазик

    На конференцијата присуствуваа професори по руски јазик, претставници од Катедрата за славистика, локалната власт и ученици од кумановските училишта, кои дебатираа како да се подигне нивото и свеста за изучување на рускиот јазик.

    „Со ова училиште соработуваме девет години, секоја година имаме возвратни посети, кои ги користиме за спроведување работилници, размена на идеи, искуства, при што  се запознаваме со јазикот и културата на двата народа. Денеска имаa излагања повеќе стручни лица и се дискутираше како да се подигне нивото и свеста за изучување на рускиот јазик„ -изјави Соња Тодоровска, директор на гимназијата „Гоце Делчев“

    Рускиот јазик во Куманово се изучува во три основни и две средни училишта, што претставува успех не само за општината туку и државата, смета градоначалникот Зоран Дамјановки.

    „Со оваа конференција сакаме да го потикнеме изучувањето на јазикот и културата кај учениците. Русија е многу блиска држава на Македонија по етимологија, културолошки, а блискоста по потеклото ни дава право за негување на ова пријателство кое кулминира со оваа конференција на која се промовираат придобивките од изучувањето на рускиот јазик. Куманово е еден од ретките градови каде се изучува рускиот јазик  тоа е една традиција кој со децении наназад ја негуваме“,- рече Дамјановски.

    Надежда Љубовска, професор по руски јазик и литература од гимназијата „13“ и координатор на проектот вели дека учениците и професорите покажуваат завиден интерес за изучување на македонскиот јазик, а особено се заинтересирани за изучувањето на историјата,културата на македонскиот народ. Таа е задоволна од соработката со колегите од кумановската гимназија и се надева дека таа ќе продолжи и во наредниот период.

    Гимназијалците од Русија и нивните професори во Куманово ќе останат осум денови, при што ќе имаат можност да ги посетат културно-историските знаменитости во Куманово и државата.