Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово
18.03.2015 12:41
| KumanovoNews
Редовниот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во Куманово на 9 и на 10 мај годинава.

На конгресот освен за претседател на партијата, ќе се гласа и за нов состав на партиското раководство.
За можна кандидатура за претседателското место во партијата потребни се најмалку 30 гласа од над 500 делагати.
Последнот конгрес на партијата се одржа пред четири години на 6 март.
Новиот извршен комитет на партијата ќе се избере на предлог на претседателот на партијата.