Конкурс за Првиот меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2019”
Oбјавен е конкурс за Првиот меѓународен фестивал на кратoк филм “ФИЛМАЈ 2019”, кој го организира фото-кино клуб “Козјак” – Куманово.

Пријавувањето трае до 5 мај 2019, а право на учество имаат сите филмски дела, направени од професионални и непрофесионални поединци и групи. Филмовите може да бидат од сите видови: игран, документарен, експериментален, анимиран, во должина до 30 минути.
На конкурсот ќе се доделат три награди: „Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија и награда за најдобра приказна/сценарио.
Фестивалските проекции ќе бидат на 29 мај 2019 во Занаетчиски дом – Куманово (поранешно кино „Напредок”).
„Идеите од кои се води фестивалот се дека било што може да е дел од филмската приказна, без оглед колку однадвор или настрана е од видливата и чујна содржина на филмскиот кадар. Започнувањето на меѓународен филмски фестивал, е поради тоа што големите промени се постигнуваат преку низа мали чекори, со цел да се поттикне неконформистичко размислување со идеи кои потекнуваат од надвор од кутијата, - соопштуваат организаторите.
Пријавувањето е со пополнување на апликацискиот формулар на следниов линк , како и на е-mail адреса [email protected].
Дополнителни информации за фестивалот може да се најдат на: ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ и ФБ-страна на настанот за ФИЛМАЈ 2019 . Фестивалската веб-страна е http://filmay.kozjak.mk .