Костовски: Дали Мицковски посегнал по парите на еден од осомничените во предмети на СЈО
26.07.2019 12:32
| KumanovoNews
Од СДСМ денеска го прашаа лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицковски, зошто седми ден бега и не одговара пред граѓаните дали посегнал по парите на еден од осомничените во предмети на СЈО.
„Дали Христијан Мицковски во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ се сретнал со еден осомничените во случајот „Рекет“? Дали посегнал по парите на еден од осомничените во предметите на СЈО? Мицковски мора да се одважи и да излезе и да одговори пред граѓаните, - изјави претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.
Тој додаде дека јавноста заслужува одговори на овие прашања.

