“Козјак“ организира Меморијален марш Борис Трајковски
26.02.2015 14:50
| KumanovoNews
Членовите на Здружение спортско планинарски клуб “Козјак“ во недела на 1 март организираат Меморијален марш Борис Трајковски.

Планинарите од Куманово ќе се упатат во село Арбанашко, од каде ќе се искачуваат на врвот Перен висок 1326 метри, највисок врв на планината Козјак. Потоа ќе продолжат до селата Дејловце, Бајловце и ќе се вратат назад во Куманово.
Маршот го организираат во чест на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски кој загина на 26 февруари 2004 година во авионска несреќа кај Мостар, БИХ.