“Козјак“ врши упис на нови членови
09.03.2015 11:12
| KumanovoNews
Здружението спортско планинарски клуб “Козјак“ до 1 април врши упис на нови членови.

Сите заинтересирани секој вторник во 19 часот, можат да се обратат во нивните простории во зградата на Комитет на 4 кат.
“Доволно е да сакаат да планинарат. Ќе се запознаат општо со планинарството, тоа всушност е дружење помеѓу човекот и планината“ - вели Мартин Величковски, секретар во “Козјак“.
Новите членови треба да имаат навршено 7 години, но да не се постари од 18 години.