Кран повреди работник во ФЗЦ
22.05.2017 07:16
| KumanovoNews
Вработен во Фабриката за заварени цевки и профили „11. Октомври“, тешко е повреден кога кран му ги притиснал нозете.

Несреќата се случила во саботата во 11.30 часот, додека В.С.(48) од Куманово управувал кран и се движел по шините во кругот на фабриката. При поминување покрај метални конструкции, му ги притиснал нозете на И.Ѓ.(32) од Куманово.
Кранистот не забележал дека работникот се качил на кранот. Повредениот бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.