Мени

Краста гори, Куманово плаќа 30 отсто повисоки сметки, велат од СДСМ

05.10.2026 17:11 | KumanovoNews

Повеќе од пет месеци „Краста“ гори, а чадот и смрдеата ги трпат граѓаните на Пчиња, Студена Бара и другите околни населени места. И додека граѓаните се гушат во чад, од 1 јули плаќаат 30% поскапа услуга за собирање и транспортирање на отпадот, велат од СДСМ.

Краста гори, Куманово плаќа 30 отсто повисоки сметки, велат од СДСМ

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Дарко Ристовски, го прашува градоначалникот Максим Димитриевски, како може цената да се зголеми за 30 отсто, а проблемот со отпадот да остане ист.

„Куманово и понатаму има отпад по населбите, недоволна механизација, а „Краста“ гори со месеци. Од донираните пет возила, само едно е за собирање отпад, додека останатите се придружна механизација. Ова не е решение. Ова е само приказна за граѓаните додека плаќаат поскапа услуга. Димитриевски должи одговор: каде е планот за „Краста“, кој ќе го реши проблемот и кога? Но, одговорност има и владејачката коалиција на централно ниво. Имаат власт, имаат институции и имаат обврска да помогнат. Куманово не смее да биде оставено само да се справува со депонија која гори со месеци“, вели Ристовски.