Крепост организира хуманитарна акција за сиромашните семејства
20.04.2017 09:08
| KumanovoNews
Хуманитарната организација „Крепост„ организира хуманитарна акција за сиромашните семејства во которскиот крај, поточно во селата Градишта, Орашац и Кучкарево.

Граѓаните кои сакаат да се вклучат во акцијата можат да донираат: финсиски средства, прехрамбени производи, средства за лична хигиена, облека за деца на возраст до 12 години.
Акцијата ќе се спроведе во сабота(22 април) во периодот од 10 до 13 часот на влезот во Соколанскиот парк.
„Крепост„ пред велигеденските празници подели 60 пакети со храна на сиромашни семјства во градот и во козјачкиот крај.