21. 02. 2020 15:38

Крива Паланка се збратими со хрватската општина Жупања

Крива Паланка се збратими со хрватската општина Жупања

Повелба за пријателство и соработка потпишаа општините Крива Паланка и Жупања од Хрватска.

- Целата на ова ново пријателство е унапредување на взаемните односи, размена на искуства во насока на подобрување на економскиот, социјалниот и културниот развој. Градење на блиски врски, размена на искуства и широка соработка на полето на културата, младите и спортот, како и во други области од општествениот живот, а се  со цел, развој и благосостојба на локалните заедници, - изјави градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Повелбата за соработка е потпишана во Жупања, каде што деновиве престојува делегација од општина Крива Паланка.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk