Кривична пријава за директор и заменичка во училиште во Куманово
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и С.Д. (41) од село Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
„Првопријавената, како заменик-директор во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, назначена да извршува дополнителни работи – водење на вонредни испити во периодот од 1 септември 2022 до 31 август 2023 година, и второпријавениот, како директор, назначен да извршува дополнителни работи – водење на вонредни испити од 1 септември 2023 до 31 август 2024 година, овозможиле вонредни ученици да пријавуваат и полагаат испити од наредна година без да ја завршат претходната година и без да достават потврди за следење на феријална пракса. Исто така, овозможиле испитната комисија да спроведе полагање на два вонредни испита во ист ден за четворица вонредни ученици“, соопшти МВР.