Мени

Кривична пријава за кумановец - поседувал кокаин

31.05.2019 12:42 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Ф.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Кривична пријава за кумановец - поседувал кокаин

Имено на 03.03.2019 година во Куманово на улицата „Иво Лола Рибар“, пред ноќен клуб од страна на полициски службеници, при преглед над пријавениот, биле пронајден и одземен кокаин.