Кривична пријава за напад на полицаец
17.04.2019 13:04
| KumanovoNews
Кумановката полиција поднесе кривична пријава против М.Д.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

На 07.04.2019 година околу 04.10 часот на ул.„Михајло Пупин“ во Куманово пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој вршел службени дејства.