Кривична пријава за насилство за пратеникот Димитриевски
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Д.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Според МВР, насилството се случило на 6. април годинава, 45 минути по полноќ во ресторан во Куманово, кога М.Д. без повод и причина започнал вербална расправија со В.А. од Куманово, на кој му упатил вулгарни зборови. Потоа физички го нападнал, удирајќи го со тупаници во пределот на главата, при што му нанел телесна повреда, односно контузија на долната уста на оштетениот. Од страна на присутните гости истите биле разделени, а М.Д. ја загрозил сигурноста и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.