Мени

Кривична пријава за синовите кои ограбија татко

13.02.2019 08:52 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.С.(29) и А.С.(17), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнени за сторено кривично дело разбојништво.

Кривична пријава за синовите кои ограбија татко

На 30. јануари годинава околу 16.00 часот синовите извршиле разбојништво во куќата на нивниот татко Р.С.(65) на улица „Драги Шутевски“, при што му одзеле 20.000 долари и 400.000 денари.