×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за сопственикот на нелегалниот верски објект во Средорек

    27.07.2022 20:56 | Сузана Николиќ

    Кривична пријава под сомнение дека се сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, доби сопственикот на објектот кој се користи за верски обреди во населбата Средорек.

    Кривична пријава за сопственикот на нелегалниот верски објект во Средорек

    „М.А. (56) од Куманово во текот на 2019 година на улицата „Доне Божинов“, како инвеститор и без правен основ самоволно заземал земјиште во државна сопственост, по што изградил верски објект без одобрение за градење издадено од надлежен орган“, соопштува МВР.

    Нелегалниот верски објект започна со работа пред неколку месеци, откако преку разглас се повикуваат верници на молитва и се пуштаат цели беседи.

    Граѓаните кои живеат во тој дела на градот реагираа до надлежните институции, Општината и СВР Куманово да преземат конкретни мерки за да се регулира бучавата или да го затворат објектот.

        „Немаме мир во нашите домови. Не може на кого ќе му текне да отвара верски објект, постои закон и правилник и за тие работи. Го пријавивме случајот во инспекциските служби, ако не се преземе ништо ќе направиме петиција, а ќе излеземе и на протест“, категорични се жителите. 

     Тие додаваат дека немаат ништо против верска определба на граѓаните од другата страна на реката, но мора да се почитуваат и нивните граѓански права. 

    Од СВР Куманово тогаш потврдија дека согласно законските надлежности преземаат мерки за расчистување на случајот и санкционирање на сторителот.