Кривична пријава за вработен во затворот Кшање, продавал мобилни телефони на затвореници
Кумановската полиција до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против И.Б.(44) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 1 од КЗ на РМ.

Имено, И.Б, вработен во Затвор Куманово - отворено одделение Крива Паланка, лоциран во село Кшање, Одделение за стручно - инструкторски работи-Сектор за ресоцијализација, на работно место самостоен референт за практична обука на осудени лица од областа на дрво - преработувачка дејност со звање „самостоен референт“, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ја злоупотребил неговата службена должност и овластување и во просторија лоцирана во кругот на затворот со намера да го продаде на осудените лица во Затворот за одреден паричен надоместок, внел и прикрил еден мобилен телефон, со што постапил спротивно на Наредбата од 21.08.2017 година, донесена од директорот на затворот.