×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за вработена во Катастар

    23.11.2018 13:10 | KumanovoNews

    СВР Куманово до Обвинителството поднесе кривична пријава против А.С.(39) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело несовесно работење во службата.

    Кривична пријава за вработена во Катастар

    Пријавената, вработена во Агенција за катастар на недвижности Куманово на работно место референт за промени, несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, овозможувајќи му на Ќ.И. на сметка на Х.А да прибави противправна имотна корист.

    Откако оштетената Х.А. претходно се договорила со Ќ.И. за продажба на половина идеален дел од нива лоцирана на м.в. „Стара корија“, во село Слупчане во површина од 3638 м², односно 1819 м², склучиле договор за купопродажба и го завериле кај нотар.

    По прием на пријавата за запишување-исправка во Агенција за катастар на недвижности, пријавената врз основа на горенаведениот договор ја спровела и потврдила со потврда за запишување на промена во катастар за недвижности и тоа наместо една половина од идеален дел од горенаведената парцела - односно 1819 м², без никаков основ ја потврдила и го запишала целокупниот недвижен имот од вкупна површина од 3638 м². Потоа го заверила со нејзин потпис и го спровела во електронскиот систем АКН-ОКН Куманово и вкупната површина ја префрлила во имотен лист сопственост на Ќ.И..

    Тој откако се здобил со противправна имотна корист од горенаведената парцела, го продал на друго лице Ѓ.С. за што случиле купопродажен договор за невдижен имот и истиот договор од страна на пријавената со потврда за прием на пријава за запишување-исправка ја потврдила, запишала и спровела, со што потоа го заверила со нејзин потпис и го спровела во електронскиот систем на АКН-ОКН Куманово и ја префрлила во имотен лист сопственост на Ѓ.С.