Кривична за пиромани на викендичка
24.11.2011 13:54
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.К. (25), У.З. (19), Ф.А. (28) и И.Р. (28), сите од Куманово, затоа што запалиле викендичка во селото Биљановце.

Во јуни годинава, пријавените со бензин ги испрскале ѕидовите на викенд-куќа на А.П. (19) од Куманово, а потоа ја запалиле.
Полицијата им поднесе пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.