×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за 17 лица инволвирани во нападот кај „Орта бунар“

    23.11.2022 13:00 | Жаклина Цветковска

    Основното јавно обвинителство Куманово постапува по кривична пријава против вкупно 17 лица,  во врска со настанот  регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи во Куманово.

    Кривични пријави за 17 лица инволвирани во нападот кај „Орта бунар“

    Станува збор за случајот во кој Б.Ш. (20) од Куманово пријавил дека на ул. „Карл Маркс“, додека бил во своето возило „фолксваген голф“, неколку лица  со тврди предмети му го оштетиле возилото. Во јавноста се појави видео снимка на која се гледа како 10-тина лица трчаат по улицата кај м.в. „Орта бунар“, каде што се случил нападот.

    Против 10 пријавени,  надлежен јавен обвинител веќе поведе постапка за кривично дело – насилство, од член 386, став 2,  од Кривичниот законик.

    До судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово за нив е поднесен предлог за определување мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и обврска за повремено да се јавуваат во суд.

    За останатите пријавени, меѓу кои има и малолетни лица, одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена допрва.​

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk