Кривични пријави за четворица продавачи на петарди
22.01.2015 12:35
| KumanovoNews
Кривични пријави за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи се поднесени против четворица кумановци, кај кои полицијата пред Нова година одзела над 1700 петарди.

Петардите се пронајдени кај С.Ф.(27) и С.Џ.(42) на улицата “Трета МУБ“ кај Зелен пазар, М.Т.(24) и С.А.(30) на плоштадот Маршал Тито.