×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за инвеститор, изведувач и градежни инспектори во Општина Куманово

    26.05.2017 18:14 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривични пријави против инвеститор и градежна фирми затоа што изградиле зграда поголема од дозволеното, и против три инспектори во општина Куманово, кои не ги санкционирале утврдените пропусти и самоволието при градба.

    Кривични пријави за инвеститор, изведувач и градежни инспектори во Општина Куманово

    М.Б.(43) од Куманово, правното лице ДПТГУ „АЗНО МЕЈКЕРС“ ДООЕЛ Скопје, З.П. (54) од Куманово, правно лице ДУТ „ВИС ПРО ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ Куманово, Н.Т.(51), В.Б.(64) и В.Л. (63), сите од Куманово,  заработија кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело „бесправно градење“, а петопријавената дека ги сторила кривичните дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување на службена исправа“, додека шесто и седмопријавените сториле по едно кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

    Во текот на 2012 година на ул.„Среќко Пужаљка“ во Куманово сопственичката на фирмата и изведувачот на работите, изградиле семејна куќа од втора категорија со отстапување во однос на габаритот на објектот. Тие на носечки бетонски столбови поместиле излог на деловни простории на надвор со што ги зголемиле корисните површини на сите катови кои инвеститорот ги наменил за продажба. Со тоа постапиле спротивно на основниот проект и спротивно на издаденото одобрение за градба од Сектор за урбанизам при Општина Куманово. Кога објектот бил изграден извршиле продажба на две деловни простории и на две станбени единици со што за себе и за правното лице прибавиле противправна имотна корист од 7.535.656 денари.

    Н.Т. како главен надзорен инженер, не извршила надзор иако имало отстапувања во однос на габаритот на објектот, изготвила и со нејзин потпис и службен печат заверила службен извештај за извршен технички преглед во вид на одобрение за употреба во кој навела невистинита содржина и невистинити податоци дека градбата била изградена согласно проектната техничка документација.

    В.Б., како службено лице-овластен градежен инспектор во Сектор за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Куманово, постапувајќи по пријава на граѓанин во 2012 година, во неколку наврати извршила инспекциски надзор и го фотографирала објектот. Притоа, на записници констатирала дека на предметната градба има отстапување по што изготвила и решение со кое се наредува на инвеститорот да отстрани дел од градбата. Но, во понатамошно преземање на службени дејствија ја злоупотребила својата службена положба и овластување, на тој начин што не го затворила градилиштето со поставување посебен службен знак (жолта лента), не донела заклучок за дозвола за административно извршување на донесеното решение, како и не ја завршила својата службена должност за покренување на кривична постапка против инвеститорот.

    В.Л, раководител на Сектор за инспекциски надзор-инспекторат при Општина Куманово и непосредно претпоставено службено лице на В.Б., во рамки на преземање на службени дејствија по наведениов предмет ја злоупотребила службената положба и овластување, на начин што иако во текот на нејзиното работење била запознаена и свесна за горенаведената фактичка состојба, предметот не го задолжила во работа на друг овластен градежен инспектор, не превзела никакви мерки за административно извршување на додесеното решение и не покренала кривична постака против инвеститорот.