×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за измама и злоупотреба на службена положба

    02.04.2019 13:52 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.С.(45) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама и против В.Д.(25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

    Кривични пријави за измама и злоупотреба на службена положба

    Во периодот од септември до ноември 2017, првопријавениот му ветил на И.М.(39) од Куманово, дека ќе изврши регистрација на две возила сопственост на неговото правно лице и едно возило сопственост на неговиот татко со попуст од 10% од реалната цена и за таа намена во три наврати му земал 126.000 денари и 600 евра.

    Меѓутоа, првопријавениот не ги однел возилата во Центарот за технички преглед и не извршил уплата на потребните средства за регистрација на возилата, туку ги однел сообраќајните дозволи кај второпријавениот, кој бил распореден на работно место помлад референт за управни работи во Одделение за управни работи – Скопје, кој, без да прими барања за регистрација, со службен печат ги заверил сообраќајните дозволи за трите возила.

    По ова, првопријавениот на И.М. му ги предал фалсификуваните дозволи и тој, не знаејќи дека се фалсификувани, ги употребувал во периодот од ноември 2017 до ноември 2018. Со наведените дејствија, второпријавениот му овозможил на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 103.977 денари, со што го оштетил Буџетот на Р.С. Македонија.