Кривични пријави за насилство против четворица кумановци
07.11.2018 07:48
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Т.(21), Д.А.(19) и две 17 годишни лица, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело насилство.

Пријавените на 21.10.2018 година околу 01.30 часот пред кафе бар во село Долно Којнаре физички ги нападнале лицата С.Ѓ., Ф.Ѓ. и М.Б..
На оштетените лица им била укажана лекарска помош во Општа Болница Куманово и им биле констатирани телесни повреди.