Кривични за насилниците што истепаа две момчиња
27.03.2015 10:52
| KumanovoNews
Кривична пријава за насилство заработија осум кумановци, кои истепале две момчиња на улицата “Перо Чичо“ во Куманово.

С.П.(21), Н.М.(20), М.Н.(21), М.Д.(19), Т.С.(24), Ф.З.(20), Г.С.(20) и А.Т.(20) во ноември лани, 30 минути по полноќ на улица “Перо Чичо“ нападнале две момчиња на возраст од 19 години. Ги удирале со клоци, тупаници, со метални предмети во пределот на главата со што им нанеле видливи повреди.
Кумановската полиција против сторителите поднесе кривични пријави за сторено кривично дело насилство.