Кривични за насилство за петмина кумановци
03.02.2015 11:57
| KumanovoNews
Кумановската полиција поденесе кривични пријави против петмина кумановци, кои со безбол палки претепале двајца сограѓани.

Инцидентот се случил во јули минатат година, кога С.Р.(18), А.Р.(22). Б.Р.(25), Ш.Р.(23) и Р.Р.(19) сите од Куманово, на улица “Трета МУБ“ пресретнале две лица на возраст од 25 и 29 години, кои се возеле на мотор. Кога се приближиле, насилниците ги нападнале со безбол палки и ги удирале по главата и телото, бидејќи подолго време имале меѓусебна нетрпеливост.