Крвава ноќ во македонското Собрание
Пратениците на СДСМ од Куманово, Оливер Спасовски и Максим Димитриевски, како и лидерот Зоран Заев, неговата заменичка Радмила Шеќеринска, лидерот на АА Зијадин Села и уште неколкумина други пратеници беа повредени ноќеска во Собранието од демонстранти на „За заедничка Македонија“.

Во општиот метеж и физичката пресметка во парламентот повредени се над 100 луѓе, пратеници, полицајци и цивили во нападот што почна по изборот на Талат Џафери од ДУИ за нов претседател на Собранието нешто по 18 часот.
Полиција речиси и да немаше на почетокот, па толпата лесно го совлада собраниското обезбедување и слободно ги тепаше и гаѓаше со инвентар пратениците на мнозинството. Заедно со пратениците, заглавени во Собранието беа и новинарите, кои последни си заминаа, - пренесуваат новинари на порталот СДК.
Драмата заврши пред полноќ откако полицијата употреби шок бомби и ги растера демонстрантите, а потоа ги извади пратениците. Повеќето завршија на Скопските клиники каде им беше укажана лекарска помош.
(извор и фото: СДК)