Крводарителска акција на ВМРО-ДПМНЕ во Старо Нагоричане
09.03.2015 08:36
| KumanovoNews
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од општина Старо Нагоричане, утре организира крводарителска акција.

Акцијата ќе се одржи во основното училиште “Христијан Тодоровски Карпош“ во село Младо Нагоричане од 13 до 16 часот. Оваа крводарителска акција за прв пат се организира во соработка со Црвен Крст Куманово и се очекува да бидат собрани над 20 крвни единици.