Крводарителска акција во албанските паралелки во “Наце Буѓони“
25.03.2015 08:33
| KumanovoNews
Учениците Албанци, од Техничкото училиште “Наце Буѓони“, утре ќе даруваат крв. Акцијата ќе се одржи од 13 до 17 часот.
Крводарителската акција се организира во соработка со Црвен Крст Куманово и се очекува да бидат собрани дваесетина крвни единици. Крводарителската акција е традиционална и се одржува секоја година во училиштето.