Крводарителска акција во албанските паралелки во “Перо Наков“
25.02.2015 09:21
| KumanovoNews
Средношколците од “Перо Наков“, кои посетуваат настава на албански јазик, утре ќе даруваат крв.

Крводарителската акција ќе трае од 13 до 16 часот и се очекува да бидат собрани дваесетина крвни единици. Оваа крводарителска акција е традиционална и се организира во соработка со Црвен Крст Куманово.