Крводарителска акција во “Куманово - паркинг“
14.01.2015 09:32
| KumanovoNews
Во јавното претпријатие “Куманово - паркинг“ утре ќе се одржи крводарителска акција, во организација на Црвен Крст Куманово.

Вработените ќе даруваат крв од 10 до 15 часот и се очекува да бидат собрани триесетина крвни единици. Лани за првпат се организираше крводарителска акција во “Куманово - паркинг“ и истата ќе стане традиционална.