Мени

Крводарителска акција во „Перо Наков“

23.04.2015 10:39 | KumanovoNews

Во средното училиште „Перо Наков“ утре ќе се одржи крводарителска акција, информираат од Црвен Крст Куманово.

Крводарителска акција во „Перо Наков“

Учениците ќе даруваат крв од 13 до 17 часот и се очекува да бидат собрани помеѓу 35 и 50 крвни единици. Се работи за традиционална крводарителска акција која се одржува со години.