×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куќен притвор за лицето што го симна од јарбол државното знаме

    11.04.2017 13:33 | KumanovoNews

     Основното јавно обвинителство – Куманово достави посебен предлог за продолжување на мерката куќен притвор и мерки на претпазливост против лицето што го извади македонското знаме од јарбол во центарот на Куманово, затоа што доколку се брани од слобода може да го повтори делото

    Куќен притвор за лицето што го симна од јарбол државното знаме

    Основното јавно обвинителство – Куманово до Основниот суд – Куманово поднесе обвинителен предлог против Л.К. за сторени кривични дела – напад на службено лице при вршење на јавна безбедност и предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост од Кривичниот законик.

    Со оглед на тоа што станува збор за кривично дело од јавниот ред и постојат околности што го оправдуваат стравот дека доколку обвинетиот се брани од слобода ќе го повтори кривичното дело, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово со обвинителниот предлог достави и посебен предлог за продолжување на определените мерки – куќен притвор и мерки на претпазливост, стои во соопштението од ОЈО.

    Имено, на 31 минатиот месец на улицата „Гоце Делчев” во центарот на Куманово, околу 16 часот, обвинетиот заедно со неколку непознати лица и малолетниот Л.С. го симнале и го оштетиле знамето на Република Македонија и на јарболот закачиле знаме на Република Албанија. При обид да бидат спречени во намерата од страна на службени лица од Министерството за внатрешни работи, обвинетиот нападнал еден од полицајците и му нанел телесна повреда – набиеница на главата и десната шака. Настанот предизвика чувство на раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност кај јавноста.

    Малолетниот Л.С денеска е сослушан пред судија за малолетници при Основниот суд во Куманово и за него ќе продолжи постапката со изведување на докази.