Кумановци најчесто губат телефони и паричници
07.05.2015 10:00
| KumanovoNews
Кумановци најчесто губат мобилни телефони и паричници со лични документи.

Ова може да се забележи од полициските статистики за “изгубено-најдено“ кои се однесуваат за Полициска станица Куманово. Во последниве два месеци за изгубени се пријавени повеќе мобилни телефони од различни марки и регистарски таблички од автомобили, додека за најдени предмети во истиот период се мобилни телефони, чанти, велосипед, паричници, лична карта, возачка дозвола и мопед.