Кумановци не се израдуваа на новите клупи, вандали ги откорнаа да се грејат на нив
Граѓаните на Куманово уште не се израдуваа на новата урбаната опрема што ја постави Општината, а веќе голем дел е уништена.

Новите канти, клупи и канделабри што беа наместени пред околу еден месец на повеќе локации во централното градско подрачје, секојдневно се оштетуваат. Последни во низата се клупите за седење во паркот Соколана, од кои се извадени даските.
Урбаната опрема е купена од парите на граѓаните, а една клупа чини 100 евра. До сега се оштетени дваесетина клупи.
Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“, кое е задолжено да ја оржува урбаната опрема во градот, вели дека за овој краток период уништена е помеѓу 30 и 40 отсто од опремата што неодамна беше поставена.
За жал во предходните 2 дена, од страна на несовесни граѓани, не знам од кои причини беа уништени поголем дел од клупите поставени во Соколанскиот парк. Се гледа дека стручно се извадени даските, не се скршени како во други случаи.Тоа значи дека не се работи за уништување од страна на тинејџери, бидејќи доколку истоте биле скршени ќе биле оставени на самото место. Се зборува дека даските се извадени за да се користа како огревен матерјал, - вели Стојчевски.
Кумановци се лути што несовесни граѓани се изживуваат и уништуваат се што е јавно добро, а притоа остануваат не казнети.
Ужасна некултура во нашиот град. Никој не ни е крив, ни СДСМ, ВМРО, Бранко, Грујо, Дамјановски, Димитриевски. Никој не може толку да вложи колку малограѓанштината и злобата може да уништи. Клупа во парк да уништиш, дете, старец да нема кај да седне? Не е за казнување, за протерување е. И да, апелирам до градоначалникот ни еден денар веќе за опрема да не вложи. Не заслужуваме. Подобро да изгради дом на сиромашно семејство отколку во "ветар" да фрла пари. Срам ми е што сум кумановка на 53 години. Се срамам од моите сограѓани. За најстога осуда и казна! - изјави Елена Трајковска, наша сограѓанка.
За да се заштитат од крадците во претпријатието размислуваат да постават видео надзор на одредени локации, но законот не им дозволува. Камери може да постави само МВР. Директорот вели дека ќе бараат некое чаре, а во најкратот рок ќе се обидат клупите ќе ги поправат. Случајот го пријавиле во полиција и комуналната инспекција, од кои бараат поголема ефиксаност и контроли за да не се повтори дивеењето и срамот на поединци.
(фото:Фејсбук)