Кумановци ограбиле Сиријци во Стариот парк
18.05.2015 11:39
| KumanovoNews
Група од петмина насилници пред три дена ограбиле двајца Сиријци во градскиот парк во Куманово.
Околу 19 часот насилниците ги нападнале мигрантите М.А.(25) и Б.А.(17), при што од нив одзеле 500 евра, рачен часовник и гардероба.
Кумановската полиција го привела кумановецот Б.А.(20), а втор осомничен е С.А.(26), додека по тројца разбојници уште се трага. Кај Б.А. е најден рачниот часовник, и против него е поднесена кривична пријава за разбојништво, а истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
МВР соопшти дека мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.