Мени

Кумановци помагаа на поплавените во Албанија

01.02.2010 14:13 | KumanovoNews

Дирекцијата за заштита и спасување од Куманово учествуваше во акцијата за помош на поплавените градови во Албанија. Екипа од Куманово со уште неколку градови од државата, една недела била во неколку албански општини и помогала во извлекување на водата од поплавените куќи, делење на хуманитарна помош и во евакуација на населението.

Кумановци помагаа на поплавените во Албанија

Со пумпи со капацитет од 3000 литри во секунада, ја црпевме водата во куќите на територијата на општината Дајч. Нашите екипи беа активни и добро ја реализираа задачата. По нашето заминување од Албанија, сметам дека околку 80% од поплавевената територија е санирана - вели Драган Димковиќ од Дирекцијата за заштита и сапсување.

Владата на Република Македонија на повик на албанската влада испрати екипи од надлежните институции за помош на соседите кои пред 10-тина беа зафатени од силни поплави.