×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец измамил сограѓанин за 18.000 евра при продажба на стан

    21.11.2018 22:40 | KumanovoNews

    Кумановската полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против И.А. (44) година од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела измама и оштетување туѓи права.

    Кумановец измамил сограѓанин за 18.000 евра при продажба на стан

    Имено, пријавениот, на 17 јули годинава, со И.П. склучил преддоговор за купопродажба на недвижен имот-стан заверен кај нотар од Куманово. Предходно го уверил оштетениот дека станот е негова сопственост, не е оптоварен, дека нема правен акт со друго лице ниту дека друго лице полага право на истиот, по што му наплати 18.862 евра, како дел од купопродажната цена.

    Со оглед дека подоцна не постигнале согласност за конечен договор за купопродажба, пријавениот веќе склучил преддоговор за купопродажба на недвижен имот со друго лице од Куманово, заверен кај друг нотар од 15.09.2018 година.

    И.П. веднаш побарал да биде раскинат преддоговорот и да му бидат вратени парите, но И.А. избегнувал секакво раскинување на преддоговорот, ветувајќи дека ќе му ги врати парите на неколку рати, за што се сложил и оштетениот.

    Откако увидел дека е измамен  купувачот до СВР Куманово поднел кривична пријава за сторена штета од 18.862 евра во денарска противвредност од 1.184.943 денари.