Мени

Кумановец ја истепал сопругата, а се заканувал и на нејзиниот татко

03.07.2019 17:03 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.Ф.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил продолжено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Кумановец ја истепал сопругата, а се заканувал и на нејзиниот татко

На 22.06.2019 година околу 20.00 часот во Куманово, при семејна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга М.Ф.. Нејзиниот татко, кој бил присутен во домот, се обидел да го спречи, по што пријавениот упатил закани и кон него и кон членовите на семејството.