Кумановец ја натепал невенчаната сопруга, доби кривична пријава
14.08.2019 12:55
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Г.К.(48) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 03.08.2019 година околу 21,00 часот во Куманово на улицата „436“, во куќата на пријавениот, истиот под дејство на алкохол, физички ја нападнал С.М.(40) од село Пчиња, со која живеел во вонбрачна заедница, при што и нанел тешка телесна повреда.