Кумановец меѓу повредените војници на АРМ во вчерашната сообраќајка
Р.Д.(30) од кумановското село Љубодраг, е еден од петмината војници на АРМ кои вчера беа повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица „Отовица“.

Несреќата се случила во 11.00 часот кога дошло до судир на три воени возила, оклопни транспортери БТР на АРМ, кои ги управувале И.Н.(36) од Кочани, И.Т.(37) од с.Плешанци, пробиштипско и Д.А.(32) од с.Кадино, скопско. По незгодата со возило на воена полиција, сопатниците З.М.(38) од с.Волково, скопско, Г.Д. (41) од с.Облешево, кочанско, Д.М.(31) од Тетово и Р.Д. (30) од с.Љубодраг, кумановско, се пренесени во Здравствена установа Велес, каде им биле констатирани телесни повреди.
По укажаната лекарска помош истите се пуштени на домашно лекување. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.