Кумановец нападнат со нож од негови сограѓани
12.05.2017 20:25
| KumanovoNews
Кумановец бил нападнат со нож сред бел ден од двајца негови сограѓани.

Вчера во 16.00 часот на ул. „Моша Пијаде“, Д.П.(23) од Куманово без повод и причина физички бил нападнат од М.Т. (25) и М.П. (35), двајцата од Куманово.
Притоа, М.Т. со нож му нанел расекотина на главата над левото уво. Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде по укажаната лекарска помош истиот бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.