Мени

Кумановец претепал жена од Свети Николе

29.01.2019 18:16 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Т.(54) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.

Кумановец претепал жена од Свети Николе

На 20.01.2019 година околу 20.00 часот во куќата на Т.И. во Куманово, по претходна вербална расправија, пријавениот физички ја нападнал Е.М.(50) од Свети Николе, при што и нанел тешки телесни повреди.