Кумановец претепан во билијард клуб
16.02.2015 12:26
| KumanovoNews
Kумановец завршил во Ургентниот центар во Скопје, откако го претепале во билијард клуб.

Х.В.(24) бил нападнат од непознато лице во 21.50 часот и се здобил со сериозни повреди на главата. Веднаш бил пренесен во Кумановската болница, но поради сериозноста на повреди го префрлиле во Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.