Кумановец превезувал азиланти во Германија
02.03.2015 15:50
| KumanovoNews
Кумановец обезбедил превоз за двајца сограѓани, кои побарале азил до Германија.

Н.М.(50) од Куманово, пред две годин за 450 евра однел две лица до Германија во прифатниот камп Вупертал. Таму побарале азил заради лекување. Минатата година биле депортирани во Македонија, а барањето за азил им е одбиено.
Против Н.М. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор.